| | |

(Видео) Трендафилов: Граѓаните немаат доверба во системот затоа има само две претставки од македонски Бугари до Комисијата за дискриминација и Народниот правобранител

Отворените прашања меѓу РС Македонија и Бугарија се на дневен ред. Можеби ќе има напор да се одложат или разговорите кои ги таргетираат тие прашања да не бидат во прв план и да ги полнат новинските наслови, но прашањата нема да исчезнат и тие прашања ќе мора да се решат”, изјави Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на Националниот комитет на Граѓанско демократската унија во емисијата Hyde Park на порталот Трибуна.

,, Можеби претседателот Стево Пендаровски ќе се обиде да се дистанцира од оптимизмот кој го покажува Владата во Скопје по посетата на премиерот Петков, ако процени дека тоа ќе му донесе евентуална политичка штета”, вели Трендафилов.

,,Логично е секој на кој што му се повредени правата да чувствува недоверба кон институцијата за заштита од дискриминација. Прашањето за човековите права се растегнува со децении во земјата, посебно тоа е интересно кога доаѓа мисија на ОБСЕ, кога имаме некаков флагрантен пример кој ќе заврши на насловните страни на печатот, но мислам дека ниту еден случај не завршил позитивно. Кога перцепцијата е таква илузорно е некој да очекува дека човек кога чуствува дискриминација од било какви побуди, кога нема доверба во системот, бидејќи Уставот е таков каков што е, не секој чувствува дека е заштитен во рамките на уставните права кои му се дадени. Има една цела лепеза од дискриминации за кои судовите не реагираат и затоа нема претставки”, подвлече Трендафилов.

Погледнете ја целата емисија во видеото што следи:



Слични Објави