|

(Видео) Уништувањето на украинската брана ќе ја поскапи храната во светот и ќе го загрози пристапот до вода за пиење, предупредува ОН

Обединетите нации предупредија дека уништувањето на браната на Днепар ќе има огромно влијание врз глобалната безбедност на храната, ќе ја зголеми нејзината цена и може да го загрози пристапот до вода за пиење за стотици илјади жители.

Браната „Каховка“ беше пробиена во раните утрински часови на 6 јуни испуштајќи огромно количество вода, што ја поплави јужна Украина. Засега не е познато што го предизвикало пробивот иако норвешките сеизмолози и американските сателити тврдат дека ја регистрирале експлозијата. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништувањето.

Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, изјави за Би-би-си дека влијанието на настанот врз безбедноста на храната во светот може да биде значајно.

„Тоа е житница, целата област низводно, кон Црното Море и Крим, житница е не само за Украина туку и за светот. Веќе се соочуваме со тешкотии во однос на безбедноста на храната, но сега, сигурен сум, цените ќе се зголемат“, рече Грифитс и додаде дека речиси е неизбежно в година да има огромни проблеми со жетвата и сеидбата. „И, така, ќе имаме огромно влијание врз безбедноста на храната, тоа ќе се случи“, рече тој.



Украина и Русија се два од клучните светски производители на храна и главни играчи на пазарот за пченица, јачмен, пченка, семе од репка, семки од сончоглед и сончогледово масло. Грифитс рече дека 700.000 луѓе зависат од резервоарот за вода што го држи браната за вода за пиење. Без чиста вода, тие се изложени на ризик од болести, а децата се најранливи.

Според Британецот штета од ваков обем е нанесена на цивилната инфраструктура со целосно кршење на меѓународното хуманитарно право, вклучително и Женевската конвенција.
Видеото погледнете го ТУКА

Слични Објави