| |

Вигенин: Бугарија нема причина да брза, топката е во полето на РС Македонија

Нема промена во бугарската позиција во однос на РС Македонија. За ова прашање има консензус од 2019 година и тоа беше потврдено на состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност на претседателот. Ова го изјави потпретседателот на бугарскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.

Според него, со посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје минатата недела е постигната важна цел. Бугарија се обиде повеќе да ја активизира македонската страна, како и да изгради доверба меѓу двете земји за да се дојде до решение за потешките прашања, вели Вигенин.

Вигенин ги посочи како прашања што треба да се решат – правата на Бугарите, промената на учебниците и целиот наратив што постои во РС Македонија, кон Бугарија.

Потпретседателот на Собранието смета дека без доверба не може да има напредок.

„Нема рокови. Бугарија нема причина да брза. Топката е во полето на македонската страна“, нагласи Вигенин, додавајќи дека претстои поголемо партнерство меѓу парламентите на двете земји.



Слични Објави