Виз ер најавува четири нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид
Четири нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, до Италија, Германија и Данска, од декември 2021, најави Виз ер, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, информираат од ТАВ Македонија.
Виз ер ќе воведе три нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија.
Како што најавува авиокомпанијата, првите летови до сите дестинации ќе почнат да во декември 2021 година. Визер почна со продажба на авиобилети, кои се достапни на wizzair.com и преку mobile app.
Новите летови до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд се воведуваат благодарение на поставувањето на петтиот авион во базата на Виз ер во Скопје.
-Пресреќни сме што и покрај моменталната криза во авијацијата и рестрикциите за патување поради КОВИД-19, Виз ер најавува четири нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид и го позиционира за сообраќај петтиот авион во базата на Меѓународниот аеродром Скопје. Се надеваме дека најавените нови дестинации – Болоња, Торино и Билунд од Скопје, како и Фридрихсхафен од Охрид, ќе бидат привлечни за нашите патници, па оттука и дека ќе ја искористат можноста да ги откриваат овие нови градови и да уживаат во незаборавно патничко искуство, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што информираат од Виз ер, овие нови дестинации се уникатни по нивната култура, природа и гостопримливост. Позната по своите прочуени кули, цркви и раскошни порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија. Во градот има голем број студенти што му дава космополитски карактер. Торино од друга страна пак, е познат по префинетата архитектура и кујна. Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е центар на забавата во Европа, каде може да се најдат атракции за секој член од семејството, особено за најмладите благодарение на познатиот Леголенд. Сместен директно на брегот на езерото Констанца, во Фридрихсхафен се сè врти околу акција и забава во, околу и на вода. Целиот напис можете да го видите овде.
Извор: Zoom. mk