ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС оставија „кратер“ во ПИОМ, пензиите денес зголемени за 7.000 денари
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека поранешната власт предводена од СДСМ и поранешниот министер Венко Филипче не оставила дупка, туку „цел кратер“ во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ).
„Филипче и СДС треба да престанат да зборуваат за економската политика, зашто единствено што оставија зад себе беа долгови, ниски пензии и осиромашени граѓани. Во нивното време пензиите се зголемуваа за 150 денари, инфлацијата беше над 20 проценти, платите стагнираа, земјоделците не добиваа субвенции, а јавниот долг надмина 60 проценти. Народот живееше на маргините, додека функционерите се богатеа,“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека денес ситуацијата е променета – платите се зголемени во повеќе сектори, инфлацијата е пониска од европскиот просек, јавниот долг се намалува, а пензионерите добиваат покачување и до 7.000 денари.
„Ова е вистинската промена – со поголеми плати, навремени субвенции за земјоделците, нови работни места и поддршка за младите. Изборот на овие избори е јасен: дали сакаме долгови и сиромаштија или стабилност и развој,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.