| |

ВМРО-ДПМНЕ: ЃОРЧЕВ И ДИМИТРИЕВСКИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ШВЕДСКА СО ПАРТИЈАТА МОДЕРАТЕРНА

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Драги Димитриевски учествуваа во програмата на Модератерна, десно центристичка партија во Шведска.

За време на програмата за меѓународни гости Ѓорчев и Димитриевски имаа можност да ги следат брифинзите за кампањата и политичките состојби во Шведска, како и да разменат искуства во делот на партиските активности и дигиталната кампања, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев и Димитриевски имаа можност да се сретнат со Улф Кристерсон, претседател на Модератите и нивни кандидат за премиер, како и со поранешниот премиер на Шведска Карл Билд.

Воедно, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ остварија средби со поголем број на пратеници и членови на раководството на Модератите, кои се сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија (ЕПП).

На изборите коалицијата на десниот центар оствари напредок и раст во резултатите, за разлика од историски најлошиот резултат со досега владејачките социјалдемократи.

Следниве денови се очекуваат коалиционите преговори, а се очекува во следната влада на Шведска да учествува Модератерна партијата како предводник на коалицијата на десниот центар.



Слични Објави