ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и владата стојат зад Тајни имоти
„Ковачевски и владата стојат зад Тајни имоти, не ја известувале ДКСК за именувани функционери.
Ковачевски не ги санкционираше функционерите кои го криеле својо имот, туку ги амнестира, со повик само да бидат казнети прекршочно од ДКСК. А одговорот зошто Ковачевски го направи тоа го даде ДКСК, а тоа е дека владата воопшто не ги известувала за ново именуваните функционери, иако за тоа постоела законска обврска.
Имот криеле директори на големи државни институции, кои водат важни органи. А дел од именуваните функционери уште пред Ковачевски да им смисли одбрана признаа дека не го ставиле својот имот на увид на јавноста преку ДКСК.
Ковачевски и ДКСК наместо да си ја префрлаат топката, секој нека почне од сопствениот двор. Ковачевски да ги разреши, а ДКСК да отвори постапки за функционерите кои криеја имот. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.