| |

ВМРО-ДПМНЕ: ВЛАДАТА И МИЛА ЦАРОВСКА ГО ДОВЕДУВААТ СИСТЕМОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО ПРОПАСТ

Владата и Мила Царовска го доведуваат системот за социјална заштита во пропаст. Граѓаните беа сведоци на голем број силувања во домовите, а одговорност од надлежните се уште нема.

Царовска, како наредбодавец во министерството за труд и социјална политика бега од одговорност и се крие.

По градинките има епидемии, малтретирање на децата од страна на несоодветни кадри, а Царовска упорно молчи.

Поминаа повеќе од две години а оваа влада нема ништо инвестирано во социјалната грижа и насилството.

Царовска нема преземено ништо конкретно, туку само чека официјални настани да се фали со тоа што ќе преземе, што потоа никогаш не се реализира.

Црнилата на оваа власт се присутни во секој сегмент.

Граѓаните ќе му стават крај на ова црнило кое го донесе владата на СДСМ. Црнилото не смее да биде наше секојдневие. Потребни се избори веднаш. СДСМ мора да си замине, се вели во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави