ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ И КРИМИНАЛНИОТ КАРТЕЛ НА СДСМ ЗАД ПРЕВЕЗОТ НА ШТЕТНИОТ ДОГОВОР СО ГРЦИЈА ВРШАТ БЕСПОШТЕДЕН ГРАБЕЖ НА ДРЖАВАТА

//

Единствените кои ја кочат Македонија и ја загрозуваат иднината на граѓаните се Зоран Заев и криминалниот картел на СДСМ, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Тие зад превезот на штетниот договор со Грција вршат беспоштеден грабеж на државата. Само во случајот со криминалната поделба на Фондот за иновации и Крвавиот тендер на министерството за здравство се фатени на дело како крадат 45 милиони евра народни пари.

За овој криминал и за стотиците други случаи на скандалозни, матни и криминални зделки на оваа власт многу скоро ќе има и одговорност.

Доколку мислат дека го имаат судството и обвинителството во свои раце, па ќе ги ослободува, како во случајот со градоначалникот на Ново Село, Боро „Марлборо“ Стојчев, многу се лажат.



Оваа ненародна власт ќе падне, народот и Македонија ќе победат, а судството ќе се ослободи од канџите на Заев и СДСМ и за секој криминал оваа власт ќе плати и ќе одговара, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРОТ ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ ЗА ПОРТАЛОТ ЗА ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ – DATA.GOV.MK

Следна статија

СРЕДБИ НА ЗМНР ЖЕРНОВСКИ ВО БЕЛАТА КУЌА, КОНГРЕСОТ И ВО АТЛАНТСКИОТ СОВЕТ НА САД

Најново од Вести