| |

Во БКИЦ во Скопје претставено истражувањето на Десислава Христова на мјузиклите „Чија си“ и „Погрешно разбраната цивилизација“

На 29 октомври во Бугарскиот културно информативен центар (БКИЦ) во Скопје, докторандката од Институтот за истражување на уметностите при Бугарската академија на науките (БАН), Десислава Христова, одржа презентација со дедуктивни анализи за паралелните жанровски пресечни точки меѓу двата мјузикла од Северна Македонија и Бугарија .

Истражувањето го разгледа балканскиот код во музичката структура и вокално-актерскиот сензибилитет. Во дел од своето истражување, Христова се повикува на научните трудови на д-р Наташа Диденко од Институтот за национална историја во Скопје.

Беше изнесена научна хипотеза за успешна идна соработка меѓу творците од двете држави.

Интерес за научното истражување покажаа доц. д-р Кристина Попова од ИЕФМ–БАН, проф. д-р Валентина Божиновска од театарскиот факултет во Скопје, д-р Весна Илиевска, психолог, проф. Оливер Андоновски и други.

Слични Објави