Во Бугарија се спроведува голема акција против ширење на детска порнографија

/

Во Бугарија се спроведува голема операција против ширење на детска порнографија. Акцијата се случува по наредба на главниот обвинител Иван Гешев, а во неа учествуваат многу обвинители и истражители од Националната истражна служба, јавува БГНЕС.

Рано утрото почнаа претреси во домови и канцеларии на десетици адреси во Софија, Варна, Хасково и други населени места. Има и приведени лица. Педофилската мрежа разменувала порнографски материјали со деца.



Им честитам на обвинителите и истражителите на Одделот за „Сајбер криминал“ кои се борат против ширењето на детска порнографија. Нашите постапки мора да бидат бескомпромисни, бидејќи овој вид криминал го става во ризик најскапоценото нешто за нас – нашите деца, рече главниот обвинител Иван Гешев.

Претходна статија

Битиќи: Работиме кон меѓузависност, што води до енергетска стабилност за регионот

Следна статија

Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје се одржа средба со претставници на бугарскиот бизнис во РС Македонија

Најново од Вести