Во Дупница беше одбележана 92-та годишнина од смртта на бугарскиот генерал Георги Тодоров
Пред спомен-плочата на генерал Георги Тодоров во Дупница, Бугарија, денеска беше одбележана 92-годишнината од неговата смрт. Присутните му оддадоа почит на бугарскиот војсководец и прв почесен граѓанин на градот, јавува Пиринско.
Венци и свежо цвеќе беа положени во име на Општина Дупница, читалиштето „Ген. Георги Тодоров – 2011“, ученици, претставници на Општинскиот драмски театар „Невена Коканова“, културни работници и граѓани.
Георги Тодоров е роден во 1858 година во Болград, Бесарабија. Во воената кариера напредувал од офицер во ополченските единици до пешадиски генерал и учествувал во пет војни. Неговото име е поврзано со Седмата рилска пешадиска дивизија, со која командувал.
Оддавањето почит на генералот е традиција во Дупница, во која учествуваат ученици, наставници, културни работници, воено-патриотски организации и граѓани.
