Во Габрово одбележуваат 190 години от отворањето на Првото световно училиште во Бугарија
На 2 јануари, се навршуваат 190 години од свеченото отворање на Првото световно училиште во Бугарија, основано во Габрово. Овој значаен настан во историјата на бугарското образование е реализиран благодарение на Васил Априлов. Наследник на неговото дело е Априловската гимназија, јавува БНР.
Раководството на училиштето најави дека годишнината ќе биде одбележана со разновидна и богата програма во текот на целата 2025 година. Посебно внимание ќе се посвети на т.н „метод на меѓусебно учење“ кој е фундаментален за учењето во училиштето. Овој метод, заснован на принципот на понапредни студенти да ги подучуваат своите помалку напредни соученици, ќе се испитува во контекст на неговите современи апликации.

