| |

ВО ГОСТИВАР КАМИОН ЗГАЗИЛ ПЕШАК НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН

П.Ц. (65) од Гостивар вчера загина откако во неа удрило товарно возило со приколка „мерцедес” управувано од А.Т. (51). Сообраќајната несреќа се случила на пешачки премин на улицата улица „Браќа Гиноски” во Гостивар.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршија увид на лице место. Обвинителот наредил да се изврши сообраќајно техничко вештачење и обдукција на починатата жена. Воедно побарани и обезбедени се видео записи од околните камери. Возачот се наоѓа во полициска станица и се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот.

Слични Објави