| |

ВО ИЕ 3 ПАРТИСКИТЕ ЗНАМИЊА ЌЕ ГИ НОСАТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, ИГОР ЈАНУШЕВ И ПЕТАР КОЛЕВ

До 12 март партиите треба да одлучат со кои листи на пратеници ќе настапат на изборите. Списокот е важен, но уште поважно е по кои критериуми идните пратеници ќе заслужат да седнат во парламентот.
„Нашите кандидатски листи ќе бидат креирани врз оснава на принципот за родова, младинска и етничка застапеност. Кандидатите за пратеници треба да ги исполнуваат следниве критериуми: да уживаат висок углед и да имаат доверба кај членовите и симпатизерите во СДСМ како и кај сите граѓани. Да бидат активно во политичките и програмските определби“ изјави Билјана Казанџиска, шеф на ИШ на СДСМ за ИЕ 3
Освен кај СДСМ, огромен број на кандидати чија надеж се пратеничките клупи има и кај ВМРО ДПМНЕ. Како таму ке се одвува селекцијата?
„Ние како одговорна партија ќе го слушнеме и гласот на народот односно преку анкети во насока на мерење на мислењето како и преку други селекции на нашите потенцијални кандидати ќе ги позиционираме имињата со кои ќе се обидеме да стигнеме до гласот на народот на престојните парламентрани избори“ изјави Иван Јорданов, прет. на ВМРО ДПМНЕ – Штип
За прв пат на овие избори во трката влегува и ГДУ на Петар Колев а партијата уште синока соопшти дека активностите се започнати. Кога најрано оттаму ке се знаат имињата на кандидатите?
„Односно за имињата за кои ГДУ како носители на изборна единица се три. Ѓорѓи Трендафилов од Велес, адвокатот Марјан Михов од Штип ,нашиот потсекретар и координатор на изборна единица 3, Борче Пачемски и во анкетите моето име како претседател на ГДУ Петар Колев , моето име како Петар Колев се појавува во анкетите и во изборна единица 5 ,така да се надевам дека раководството до почетокот на март ќе се соберe и ќе реши каде јас би бил носител на изборна единица“ изјави Петар Колев, претседател на ГДУ
Иако од тактични приини партиите веројатно списоците со кандидатите ке ги кријат се до 12 март, речиси јавни се носителите на листите. 
Така, за СДСМ во ИЕ 3 најверојатно тоа ке биде Љупчо Николовски, за ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев а за ГДУ Петар Колев. 

Извор: ТВ Стар

Слични Објави