|

Во Лас Вегас забележани се рекордни 5 дена по ред со температура над 46,1 степен

Во Лас Вегас во американската држава Невада забележани се рекордни пет дена по ред со температура од 46,1 Целзиусови степени.

Во неделата во Лас Вегас се измерени 48,8 степени, што е рекордна температура досега забележана во тој град, објави Вашингтон Тајмс.

Во вторникот во тој град беа измерени 48,3 степени, со што беше срушен рекордот за 9 јули од 46,6 степени, забележан во 2021 година.



Слични Објави