Во Русе ќе биде одбележана 145-та годишнина од формирањето на бугарските поморски сили
Во Русе вечерва ќе биде одбележана 145-та годишнина од формирањето на бугарската морнарица, јавува БНР. 140-та годишнина од создавањето на поморскиот оркестар ќе биде одбележана со концерт на Поморскиот дувачки оркестар.
Пред единствениот бугарски „Споменик на морнарот“ ќе се одржи воен ритуал со полагање венци и цвеќе. „Овде започнува бугарската морнарица“ стои на натписот на споменикот, од каде секоја година традиционално започнуваат прославите по повод основањето на бугарските поморски сили.
На 12 август 1879 година во дунавскиот град Русе била формирана воената флота на Бугарија, а кон крајот на 19 век била формирана и Црноморската флота. Во 1897 година, флотата била поделена на Дунавска дивизија со седиште во Русе и поморска дивизија со седиште во Варна.
