ВО ВЕЛЕС ОТВОРЕН 17 МЕЃУНАРОДЕН САЛОН НА СТРИП-„ВЕЛЕС 2019″

Стрип центарот на Македонија синоќа во ликовниот салон во Велес го отвори 17 Меѓународен салон на стрип –„Велес 2019″ на кој на 24 паноа се претставени 30 автори.

Со една до шест страни по автор изложени се дела на слободна тема пристигнати на меѓународниот стрип конкурс. Изложени се и дела од Втората меѓународна стрип колонија која во Велес се одржа од 21 до 25 август на која учествуваа 16 автори од Финска, Хрватска, Словенија, Србија, Грција и од нашата земја.

Годинава на меѓународниот стрип конкурс пристигнале 175 стрип дела од цел свет.

За разлика од изминатите години кога на отворањето на Меѓународниот салон на стрип беа врачувани сите награди, годинава наместо во Велес истите да ќе бидат врачени во Скопје, на 30 октомври во Домот на културата „Кочо Рацин”.





Претходна статија

ПАТУВАЧКАТА УЧИЛНИЦА „ЖИВОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ“ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Следна статија

„ОМИЛЕНИОТ“ ГИТАРИСТ НА ДЕЈВИД БОУВИ ГО ОТВОРА 38. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Најново од Култура