Воената академија во Софија одбележа 114 години од своето основање
Со свечена церемонија Воената академија „Георги С. Раковски“ во Софија одбележа 114 години од своето основање. Венци и свежо цвеќе беа положени пред споменикот на патронот на академијата – Георги Раковски, јавува БНР.
Во своето обраќање министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов ја истакна улогата на академијата во военото образование на командниот состав, додека началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов, ги посочи приоритетите на армијата:
„Приоритетите на нашите вооружени сили се јасни: нашите активности за зајакнување на предното присуство на Алијансата во регионот, зголемувањето на способностите на мултинационалната борбена група, изградбата на штаб на мултинационална дивизија на наша територија. Развојот на националниот капацитет како земја-домаќин и воената мобилност се од клучно значење. Напорите за модернизација на нашите вооружени сили не се само неопходност, туку критичен услов.“, изјави адмирал Ефтимов.
