|

Вработена на комплексот клиники нападната на работното место

Вработена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ била физички нападната од жена на работното место.

„Вчера во 22 часот во СВР Скопје, В.П.(38) од Скопје пријавила дека околу 20 часот во комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека била на работно место, била физички нападната од едно женско лице“, соопшти МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Слични Објави