|

ВРХОВЕН СУД ЈА ПОНИШТИ ПРЕСУДАТА ЗА УБИСТВОТО НА МАТУРАНТОТ АНГЕЛ ПЕТКОВСКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Првостепената пресуда скопскиот кривичен суд ја донесе во јули 2015 кога Насер Ештрефи го осуди на 14 години затвор, јавува Стандард.

Убиството на матурантот Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров.

На убиството претходеше  кражба на велосипед од страна на обвинетиот од домот на Петковски, по што сега починатиот Ангел и неговиот татко почнале да го бркаат крадецот.

Пресметката меѓу Ештрефи и Ангел се случила на насипот на кејот на Вардар,во близина на Европска очна болница, а Ангел починал во рацете на неговиот татко поради убодна рана од нож.



Слични Објави