Втор ден продолжува блокадата граничните премини со Северна Македонија и Србија
Втор ден по ред десетици товарни возила чекаат на граничните премини со Северна Македонија и Србија поради блокадата што започна на 26-ти јануари во 12:00 часот, пишува БГНЕС. Причина е незадоволството на превозниците од новиот систем за влез и излез во ЕУ, кој носи економски загуби. Според новите правила, престојот во земјите членки е ограничен на 90 дена во рамки на 180-дневен период, а контролите се построги.
Лесните возила поминуваат без проблем преку Деве Баир – Ѓуешево, Делчево – Станке Лисичково и Ново Село – Златарево, како и на Калотина кон Србија и при влез во Бугарија.
„Нема голем број на тешкотоварни возила надвор од зоната на граничниот премин“, изјави главниот инспектор Манол Манолков, началник на ГП Калотина. Тој додаде дека доколку блокадата се прошири, е воспоставена организација со полицијата камионите да се пренасочат на безбедно место, и дека „нема информации за блокирани или загрозени граѓани“.
Според областниот управител Георги Димов, на Ѓуешево чекаат околу 20 камиони, на Станке Лисичково – 8 (од кои 3 бугарски), а на Златарево – околу 21 камион, од кои 5 бугарски.
„Создадена е ситуација камионите да не претставуваат опасност за сообраќајот. Има и паркинг доколку биде потребно“, увери Димов, додавајќи дека превозниците се добро информирани и избегнуваат патувања кон Северна Македонија, со очекување дека проблемот наскоро ќе се реши.
