ЗА ЛИВЕРПУЛ ИГРА НАЈДОБРИОТ СВЕТСКИ ДЕФАНЗИВЕЦ, А ОДБРАНАТА ИМ Е – НАЈОЧАЈНА ВО 21 ГОДИНА

Европскиот шампион Ливерпул го има најдобриот светски дефанзивец во Вирџил Ван Дијк, кој до септември повеќе од година ипол не можеше никој да го издрибла, ама во последно време „холандскиот ѕид“ и партнерите во дефанзива не се на ниво, па „црвените“ имаат – најслаба одбрана во последните 21 година.

Иако Ливерпул игра на врвно ниво, убедлив лидер е во Премиерлигата, вчерашното реми со Наполи (1-1) во ЛШ, со што ќе мора во Салцбург да се борат за пласман во осминафиналето во ЛШ, откри дека 11 меча во низа „црвените“ примаат најмалку еден гол. И вакво нешто на тимот, кој владее во фудбалот на Стариот континент не му се случило од 1998 година.

На Ливерпул во последните 11 меча барем еден гол им даде Салцбург (3), Лестер (1), Манчестер јунајтед (1), Генк (1), Тотнем (1), Арсенал (5), Астон Вила (1), Генк (1), Манчестер сити (1), Кристал Палас (1), Наполи (1).

Ама ако се погледне конечниот исход, осум победи во 11 меча е доказ дека четата на Јирген Клоп игра на гол повеќе, па еден примен и не е така проблематичен во најголемиот дел од овој „кризен период“ за играта во дефанзива.

Извор: Спорт1



Слични Објави