ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА КАЗНЕТИ 639 ЛИЦА
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата санкционирани се 639 лица за неносење лична заштитна маска на лице, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со пандемијата со COVID-19.