Заедничка изложба на ученици од Бугариja и РС Македонија ќе биде претставена во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир
Изложба насловена „Нацртај им ја Бугарија, нацртај им ја Македонија“ ќе биде отворена денеска во ОУ„Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир во главниот град на РС Македонија.
Учениците од ова училиште нацртале како си ја замислуваат Бугарија а учениците од средното училиште „Вела Богоева“ од Велико Трново нацртале слики поврзани со РС Македонија. Дел од цртежите ќе останат во Националниот клуб БТА во Скопје.
„Задачата на нашите ученици беше да го нацртаат она што им оставило најголем впечаток од РС Македонија а децата од РС Македонија да го нацртаат она што го запомниле и им се допаднало од Бугарија“, изјави Ангел Јанчев, директор на средното училиште „Вела Богоева“ од Велико Трново.
„Се надевам дека тоа е само почеток на нашата соработка и дека најубавите работи се пред нас“, истакна од своја страна Теута Имери, директорка на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Скопје.