ЗАЕВ: ЧЕСТИТКИ, ДОБИВМЕ СИЛЕН, ГОЛЕМ И ОДГОВОРЕН ПОДДРЖУВАЧ НА РЕГИОНОТ И ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА!

//

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев присуствуваше на одбележувањето на почетокот на австриското претседателство, вчера вечер во Скопје, заедно со владини претставници, при што имаше и поздравно обраќање.

Пред присутните, амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, претставници од дипломатскиот кор во земјава, од Владата, од Парламентот, претставници од други институции и организации, граѓани, премиерот Заев упати честитки за почетокот на претседавањето на Република Австрија со Европската унија, се заблагодари за големата поддршка од Австрија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и ги соопшти очекувањата на граѓаните на нашата држава и на Владата на Република Македонија.

-Европската унија, со Австрија, по Бугарија, доби уште еден, голем, силен, одговорен поддржувач на интегрирана и обединета Европа. Тоа е надежта на граѓаните на Македонија, надежта на граѓаните на целиот регион на Западен Балкан, надежта на младите луѓе во нашата земја и во соседството, чии соништа се поврзани со светла европска иднина, во своите држави и во Европа. Европа не е само континент, не е само политички и економски сојуз, Европа е вредности во коишто верувале и веруваат бројни минати, сегашни, и уверен сум, и идни генерации. Европа е потреба, за Европската унија, за нашиот регион што цели кон неа, за светот, затоа што Европа е доказ дека различностите се предност, заедништвото е можно – до стабилен свет, до спокоен свет, до економски развиен свет, до свет за сите, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, ја поздрави најавата на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој вчера при преземањето на претседателството рече дека Австрија има намера да изгради ефикасна, обединета и фокусирана Европа, Европа којашто заштитува, Европа којашто гради мостови во Унијата.

-Јас се согласувам со канцеларот Курц дека успехот на Европа е можен само ако сите земји во Унијата соработуваат меѓу себе, а среќен сум дека интеграцијата на Западен Балкан во Унијата останува фокус и на австриското претседателство. Ваквиот фокус нам ни дава шанса да се бориме за нашата европска перспектива, да ги забрзаме реформите, да ги довршиме започнатите мостови со соседите, додаде премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев рече дека „сме свесни за грижите со коишто се соочува Унијата со Брегзит и мигрантската криза“ и изрази благодарност „за покажаната сила со вреднувањето на напорите на Македонија на реформскиот и добрососедски пат“, со што и е дадена поддршка на Македонија за отворање пристапни преговори со ЕУ.



-Ова верувајте е силна мотивација за Република Македонија во којашто добивте уште попосветен партнер и пријател, за надминување на сите постоечки предизвици во Европа и светот, а тоа верувам дека е чувство на сите земји од регионот со европски цели. Нека успее мисијата што си ја постави нашиот пријател, Република Австрија, за изградба на обединета Европа, Европа којашто штити. Република Македонија е со вас на тој пат. Среќно да ни е пријатели, рече во обраќањето во чест на преземањето на австриското претседателство, премиерот Зоран Заев.

На свеченоста се обрати и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој го поздрави преземањето на австриското претседателство со благодарност за поддршката од Австрија за Македонија и регионот и најави завршување на домашните обврски на земјава на евроинтеграцискиот пат.

Вицепремиерот Османи ја нагласи важноста на ставот на Република Австрија дека „европските интеграции остануваат клучен приоритет“, дека е значајна “„поддршката на интеграциите на регионот“, како и дека Република Македонија „на ваквата доверба ќе врати со почитување на европските стандарди и вредности, за стабилна Европа и Европа којашто штити, за сите нас“.



Претходна статија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА УШТЕ ЈА ЧЕКА ПРЕСУДАТА НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОВСКИ

Следна статија

ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ОДРЖИ РЕДОВНАТА, 77-МА СЕДНИЦА

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,