ЗАЕВ: ЛАГА Е ДЕКА ЗАФИРОВСКИ Е СОВЕТНИК ЗАТОА ШТО СОРАБОТУВАЛ СО ЗАЕВИ

//

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во Собранието обвини дека Љупчо Зафировски, советник на премиерот Заев ангажиран за врски со кабинетот на Макрон во Франција, не е поврзан со дипломатија, туку извезува во Србија и Франција во име на фирмите на Заеви, следуваше демант лично од премиерот.

Заев го обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ дека лаже и манипулира со јавноста.

„Ми замерувате за советник кој го плаќаме 1.200 евра. Па сопругата на Влатко Ѓорчев ја ангажиравте за 1.800 евра. Вие ќе држите предавање за тоа кого сум ангажирал. Еве ќе ја видиме Франција како ќе гласа во октомври“, посочи премиерот додавајќи дека има право да ангажира кого сака, а Зафировски го одбрал поради неговите контакти во кабинетот на францускиот претседател.

Тој му порача на Милошоски дека доколку ваквите трдења ги изнесе надвор од собраниска говорница, ќе добие тужба.



„Излезете надвор од говорница, кажете ги овие тврдења и ќе се видиме на суд. Одговорно тврдам дека компаниите на Заеви никогаш не соработувале со Зафировски“, рече Заев.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ДУИ БАРА ОБВИНИТЕЛОТ НА НОВОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА СЕ БИРА СО БАДЕНТЕР И МЕЃУ РЕДОВИ ИСТИОТ ДА БИДЕ АЛБАНЕЦ

Следна статија

ФОКУС: ЗАЕВ ДО МИЛОШОСКИ- БЕСРАМНО И БЕЗОБРАЗНО ЛАЖЕТЕ, НА ВЛАТКО ЃОРЧЕВ СОПРУГАТА ЗА 1.800 ЕВРА ЈА АНГАЖИРАВТЕ

Најново од Вести