| |

ЗАЕВ: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ СЕ ПОТВРДЕНИ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, учествуваше со свое обраќање на конференцијата „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија“, во организација на академијата и на Центарот за стратегиски истражувања кој работи во составот на МАНУ.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се потврдени. Ова е заклучокот на учесниците на првата научна расправа насловена „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции на Република Македонија“.

Благодарност до МАНУ за организацијата на оваа научна конференција и до сите учесници. Граѓаните сега имаат и потврда од највисоката научна институција во Македонија за зачувувањето на нашиот идентитет и придобивките од договорот со Грција.



Слични Објави