Заев: Не е точно дека храната ќе поскапи за 50 отсто, тоа е претерано, државата ја контролира инфлацијата

/

Според премиерот Зоран Заев тврдењето на прехранбениот сектор дека производите ќе поскапат за 50% е претерано.

-Тоа не е точно. Инфлацијата во државата е контролирана и таа е до 2,7% и тоа е ниско ниво. Осетлива инфлација се чувствува над 15, 20 и тоа е факт. Ние не можеме да бидеме изолирани од настаните во светот. Отворен пазар сме и зависни од Европа и надвор од неа. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите на просечно ниво, не повеќе од 3%. Владата е тука за да помогне. Служиме за да им помогнеме на граѓаните, излегуваме од кризата, информира премиерот на прес-конференција.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Пожарот во тетовската ковид болница настанал од спој

Следна статија

Австралија нема да прима странски туристи до 2022 година поради коронавирусот

Најново од Вести