| |

ЗАЕВ ОД ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ: ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ ДЕКА ТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ТЕШКА ОДЛУКА

Граѓаните знаат каква одлука треба да донесат. Тоа не е лесна одлука, ќе бидеме Република Северна Македонија со признаени јазик и идентитет. Македонскиот народ нема да ја пропушти оваа историска шанса- изјави премиерот Заев во своето обраќање во Европскиот парламент. Заев направи паралела меѓу референдумот што доаѓа и референдумот од 1991 г. Заев изјави дека македонскиот народ сонувал да стане дел од Европската Унија. Токму таа желба е движечката сила за сите општествени чинители, кои работат на тоа поле.

„Ќе се бориме да не бидеме изолирани од остатокот од светот“- изјави Заев и додаде дека Македонија е свое на своето и ќе стане дел од големото европско семејство. Заев изјави дека неговиот тим работи за извршувањето на потребните реформи, во судството, администрацијата и борбата против корупција. Заев исто така им се заблагодари на неговите пријатели премиерите на Бугарија и Грција- Бојко Борисов и Алексис Ципрас.

Премиерот Заев ја изрази својата благодарност за поддршката од страна на европските земји за евроинтеграцијата на Република Македонија.



Слични Објави