ЗАЕВ: ПРАЗНУВАЈ ОДГОВОРНО И СКРОМНО, МОРАМЕ ТАКА ДО ВАКЦИНАЦИЈАТА

Премиерот Зоран Заев денеска преку видео обраќање испрати порака до граѓаните одговорно да ги прослават претстојните празници. Воедно, Заев апелира да се поддржатсите кои, како што вели, се на првата линија на борбата со коронавирусот.

loading...

-Годинава што изминува ќе остане запамтена по здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, кај нас и во целиот свет. Беше и сѐ уште е многу тешко. Но, сите сме ангажирани – секој од нас е загрижен и придонесува со помош и поддршка бидејќи се работи за сопственото здравје, за здравјето на најблиските и за јавното здравје. Но во оваа борба, во првите редови сте ВИЕ, лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците – вели Заев.

Тој поска здравје, но пред сѐ, истакна премиерот, кон тоа да придонесеме со нашето однесување.

-Ако имаме здравје, ќе можеме да работиме, да заработиме, да се дружиме, да живееме и да се сакаме во кругот на семејството и блиските. Затоа, празнувај одговорно – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи. Мораме така додека не се спроведе вакцинацијата – порача тој.

loading...