ЗАЕВ : СО ОТВАРАЊЕТО НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ИМАМЕ ПРИСТАП ДО НОВИ ФОНДОВИ
Со отворањето на преговорите со ЕУ ќе имаме пристап до нови фондови. Споредбата помеѓу земји членки на ЕУ и земји кандидати како нас покажува десет пати повисоко користење на европски фондови. Македонија од 2007-2014 имала на располагање 680 милиони евра, Хрватска имала за тој период кога била земја кандидат 850 милиони евра. Хрватска денеска е земја членка и има 10 милијарди и 500 милиони евра фондови за користење.
„Она што е наша надеж е дека со отворањето на преговорите со ЕУ ќе имаме пристап до нови фондови. Паралелата што ја правиме помеѓу земји членки на ЕУ и земји кандидати како нас покажува десет пати повисоко користење или овозможување на европски фондови. Ако Македонија за 2007-2014 имала на располагање 680 милиони евра, Хрватска имала за тој период кога била земја кандидат 850 милиони евра. Еве Хрватска денеска е земја членка и има 10 милијарди и 500 милиони евра фондови за користење за една програма во период од шест, седум години“, рече премиерот Заев.

