Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција говореше за економијата во Македонија во последните две години. Тој истакна дека економијата се движи во вистински правец.
– Создадовме реална, силна економија. Направивме се за да ја оттргнеме економијата од бизнисот. Ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат. Оваа, 2019, навистина ќе биде година на економијата – изјави на прес-конференција премиерот Заев.
– Со посветена работа успеавме да ги стабилизираме економските текови и состојби. Компаниите растат и се развиваат, расте нивната конкурентност, се зголемуваат бруто-инвестициите, а прогрес бележи и градежништвото – истакна премиерот.