| |

ЗАЕВ: ВЛАДАТА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗМЕНИ ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

Премиерот Зоран Заев вели дека како Влада и како партија се подготвени за измени на изборниот законик и оти за нив се прифатливи и двата понудени – една изборна единица или отворени листи, јавува Цивилмедија.

Двата модела, смета премиерот не може да се комбинираат. За тоа какво ќе биде решението, потенцира Заев, ќе се одлучи со консензус.

„Многу е важно влијанието на малите политички партии, оти можеме да седнеме ние најголемите  да договориме нешто што апсолутно ќе ги  мајоризира помалите партии, а тоа не е добро. Партијата што ја водам е за модели кои ќе ја унапредат демократијата во државата. Затоа сме за една изборна единица, а можеме да размислиме и за отворените листи, односно би поддржале и отворени листи“, рече Заев на пресот по конференцијата „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам“.

Слични Објави