Загаден воздух поради пожарот во Трубарево, се чекаат резултати од мерењата
Во делови од Скопје се чувствува силна непријатна миризба од големиот пожар во објектот за рециклирање батерии и електронски отпад во Трубарево, а дополнителен проблем создава и горењето во депонијата Дрисла.
Министерството за животна средина соопшти дека компанијата има валидна дозвола за работа и дека ангажирани лаборатории вршат мерења на квалитетот на воздухот. Министрот Изет Меџити апелира граѓаните да ги почитуваат препораките додека се чекаат првичните резултати.
Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека засега нема хоспитализирани пациенти и најави официјални резултати за загаденоста до понеделник. Препораките за заштита важат особено за деца, бремени жени и лица над 65 години.
