Заменичката на Арсовска, Бујаре Абази поднесе оставка, не сака да биде во коалиција со ДУИ

/

Заменик-градоначалничката на Град Скопје Бујаре Абази од Алијанса за Албанците денеска си поднесе оставка од функцијата. Градоначалничката Данела Арсовска ја назначи Абази да ѝ биде заменичка непосредно по стапување на функција, како дел од коалициониот договор кој за време на изборите го имаше со албанскиот опозициски блок.

Абази вели дека си поднесува оставка бидејќи не сака да биде во коалиција со ДУИ односно тоа е спротивно на вредностите кои ги промовира таа и нејзината партија.

„Договорот со Арсовска се прекрши со тоа што таа назначи директори од редовите на ДУИ. Не е морално јас како член на Алијанса за Албанците да бидат дел од раководството на Градот. Ќе продолжам да дејствувам како советничка во Советот на Град Скопје“ , вели Абази.



Претходна статија

МНР на Бугарија, Милков: Фудбалскиот натпревар и пресудата за Алабаковски не испраќаат позитивна порака

Следна статија

Џафери: Парламентарното мнозинство засега има 64 пратеници

Најново од Вести