|

Затворање улици, поставување бариери: се прави план за евентуално изведување на Трамп пред судот

Официјални лица за спроведување на законот вчера се состанаа зад затворени врати за да разговараат за логистиката на судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп, по можното негово обвинение за тајни плаќања направени во негово име за време на претседателската кампања во 2016 година.

Извори за „Фокс њуз“ изјавија дека канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен и различни агенции за спроведување на законот разговараат за логистиката на затворање улици и вклучување светла со генератори, дополнителни бариери и полициски сили.

Изворот вели дека официјалните лица не очекуваат дека поранешниот претседател ќе биде обвинет до следната недела, бидејќи големата порота на Менхетен, која со недели се состанува тајно за да ги слушне доказите, утре ќе има уште еден сведок.

Изворот за „Фокс њуз“ додава дека официјалните лица се загрижени за безбедноста. Доколку поранешниот претседател дојде на Менхетен, ќе има големо полициско присуство и областа ќе биде затворена. Трамп ги повика своите приврзаници да протестираат пред можното обвинение.

Големата порота ја истражува можната вмешаност на Трамп во исплата на 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година во замена за нејзиното молчење за нивната наводна сексуална афера неколку години претходно.

Адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, ѝ платил на Даниелс преку лажна компанија, пред да му бидат исплатени трошоците од Трамп, чија компанија, „Организацијата Трамп“, ги евидентирала надоместоците како правни трошоци.

Федералните обвинители во канцеларијата на американското обвинителство за јужниот округ на Њујорк одбија да го обвинат Трамп во врска со исплатата на Сторми Даниелс во 2019 година, дури и кога Коен го вмеша како дел од неговиот договор. Федералната изборна комисија исто така започна истрага за ова прашање во 2021 година.

Трамп негираше сè и рече дека истрагата на окружниот обвинител на Менхетен е политички мотивирана.

Обвинението против Трамп, кој сака повторно да влезе во Белата куќа во 2024 година, би бил момент без преседан во американската историја, прва кривична постапка против поранешен претседател на САД.



Слични Објави