| |

Зеленски: Војната мора да заврши по украинските услови

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека војната со Русија мора да заврши под украински услови и верува дека е можно да се примени украинската формула за мир.

Во видео-обраќање, Зеленски истакна дека Украина мора да добие дозвола од своите партнери да распореди оружје со долг дострел за цели во Русија, објави Украинска Правда.

– (Украина треба да може да напаѓа) каде и да е окупаторот, од каде и Русија да ја напаѓа Украина, од каде и да лансира ракети, беспилотни летала Шахед и бомби – рече Зеленски.

Тој посочи дека на Украина и е потребна оваа одлука за да може да го искористи сето оружје што може да биде ефективно.

– Мораме да ги заштитиме животите на нашиот народ и да ја завршиме војната по украински услови – нагласи тој.

Зеленски, исто така, им се заблагодари на партнерите на Украина кои продолжуваат да вршат притисок врз Русија и земјите кои и помагаат во нејзините воени напори со санкции.

– Клучните принципи на нашата мировна формула можат апсолутно да се применат, бидејќи глобалното мнозинство врши притисок врз Русија, не ја поддржува нејзината воена активност и навистина сака да ја врати стабилноста во меѓународните односи – нагласи претседателот на Украина.



Слични Објави