Земјотрес во Егејското Море
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 13 јуни, во 11:22 часот на подрачјето на Егејското Море, во близина на Измир.
Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран источно од турскиот град.
Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 7,5 километри под површината на земјата.
