| |

Зголемен интерес за бугарскиот павилјон на уметничко биенале во Венеција

Бугарскиот павилјон на уметничкото биенале во Венеција годинава го предизвика интересот на меѓународните новинари и посетители. „За нас е огромно признание што сме препознаени како еден од павилјоните кои мора да се посетат“, вели д-р Надежда Џакова, комесар на бугарскиот павилјон, јавува БНР.

Во 60-тото издание на биеналето, Бугарија се претставува со проектот „Соседите“, кој може да се погледне до 24 ноември годинава. Автори на инсталацијата се Лилија Топузова, Јулијан Шехирјан и Красимира Буцева, а куратор е Васил Владимиров.

„Соседи“ ја раскажува приказната на Бугарите кои станаа жртви на политичко насилство. Со инсталацијата што ги претставува реконструираните домови на репресирани луѓе, авторите сакаат да ги охрабрат посетителите не само да го видат проектот, туку и да го почувствуваат.

Слични Објави