Желјазков и Фон дер Лајен денеска ќе ја посетат воената фабрика „Вазовски машински заводи“
Бугарскиот премиер Росен Желјазков и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска попладне ќе го посетат најголемото државно воено претпријатие во Бугариja – „Вазовски машиностроителни заводи“ ЕАД, соопштија од владината прес-служба.
Двајцата ќе одржат средба на која ќе бидат разгледани прашања поврзани со европската безбедност и одбраната. Потоа Желјазков и Фон дер Лајен ќе ја разгледаат фабриката и ќе се запознаат со нејзините производствени и технолошки капацитети.
