| |

ЗЛАТЕВ: ВАЖНО Е МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА ДОБИЈАТ ДАТУМ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

„Во моментов, она што е важно за сите нас е да има датум за почеток на пристапните преговори со Албанија и Македонија, не можеме да ја замислиме Европа без Западен Балкан како интегриран дел од неа“, изјави шефот на Канцеларијата на ЕК во Загреб, Огњан Златев во интервју за бугарската новинаска агенција Фокус.

„Работам и верувам во тезата дека во Европа не може да има безбедност и стабилност, освен ако во неа не бидат вклучени нашите соседи, посебно во последниве години, со сите овие закани и предизвици за Европската унија што нè опкружуваат “, додава Златев.

Сепак, Златев истакнува дека одлуката за проширување е политичка и зависи од одлуките на различните земји-членки.

„ Никој не знае кога конечно ќе се донесе едногласна одлука. Да не забораваме дека, чисто формално, за да се случи ова, потребен е консензус помеѓу сите земји-членки. Не може проблемот да се реши со мнозинство “, додава Златев, во интервјуто за Фокус.

Слични Објави