ЗОШТО ЕДЕН АНГЛИСКИ БЛАГОРОДНИК ИЗВИКАЛ: „ПУКАЈТЕ ВО СЕКОЈ ШТО ВОЗИ АВТОМОБИЛ“ ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД 120 ГОДИНИ

„Пукајте во секој што вози автомобил!“, извикал еден англиски благородник по завршувањето на случајот против Артур Едсал, кој удрил и убил жена автомобил далечната 1896 година.

Веројатноста да умрете под тркалата на автомобил уште во 1896 година во Англија била многу поголема од веројатноста да ве изеде ајкула. Во тоа време, можеби имало не повеќе од 20-30 од овие чудни возила што се влечкале по улиците низ целата земја, што во тоа време претставуваше можеби поголема закана за нивните ексцентрични возачи отколку за другите учесници во сообраќајот.

Смешен, но трагичен инцидент

Но сепак, тоа е токму она што ѝ се случи на Бриџит Дрискол: на 17 август 1896 година, една жена преминувала низ централна улица во Лондон кога е удрена од една од оние колички на бензин што се тетараваат низ улицата. По несреќата, жената починала, а нејзината смрт ја направила првата позната жртва во ерата на автомобилите.

На крајот на 19 век, Лондон бил најголемиот град во светот. Соодветно на тоа, неговите улици, затрупани со отпадок и измет, биле преполни со луѓе. Во денот за кој станува збор, Дрискол се враќала со својата ќерка од забава во Хајд Парк и кога преминувала една улица недалеку од Кристал Палас, била удрена од десниот капак на возилото. Подоцна починала од тешките рани на главата.

На судот му беа потребни 6 часа да ја реконструира сообраќајната несреќа. Сведоците сведочеле различно: според едни, „кочијата без коњи“ воопшто не давала впечаток дека ќе се случи нешто опасно, но други изјавиле дека возачот возел со „несовесна брзина“, „скоро како на галопирачки коњ“. Тезата за несовесната брзина била одбиена од експертите, бидејќи брзината од 6,4 км на час не може да се смета за несовесна.

Судот го земал во предвид фактот дека возачот Артур Џејмс Едсал го активирал ѕвончето и силно извикал „тргни се од патот“, но неговата жртва реагирала бавно и затоа настрадала. Судиите исто така како олеснителна околност го прифатиле и фактот дека возачот е неискусен, за на крајот да ја прогласи трагичната смрт на Бриџит Дрискол за несреќа.



„Пукајте во секој што вози автомобил!“

Судската одлука предизвикала бес кај јавноста во тоа време и донела на дневен ред жестока дебата за лудилото наречено возење автомобил. На крај, но не и најважно, најжестоките критичари изразиле загриженост за иднината на одгледувањето коњи.

За кралицата Викторија се знае дека го сметала автомобилот за „крајно немирно и непријатно возило“, а весникот „Тајмс“ ги советувал господата да не обрнуваат никакво внимание на овој објект, а еден англиски благородник дури извикал: „Пукајте во секој што вози автомобил!“ “

Истражниот судија Перси Моринсон тогаш се обидел да ги смири страстите, велејќи дека се надева оти трагедијата никогаш повеќе нема да се повтори. Но, тоа било далеку од вистината: Кралското друштво за спречување несреќи неодамна процени дека повеќе од 550 000 луѓе го загубиле својот живот во сообраќајни несреќи во Обединетото кралство, од првата жртва Бриџит Дрискол до денеска.