13 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал „Мелфест“ во 1997., каде што и победува изведувајќи ја песната „Yesterday“ од „Битлси“.

Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).
Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999. година.

Во меѓувреме Тоше беше дел од продуцентската куќа Авалон, каде што остана се до истекувањето на неговиот договор во април 2002., но куќата која му ги отвори вратите во регионот. Во 2004. година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.



Загина на 16. октомври 2007. во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17. октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.