| |

Разрешена директорката на Државниот архив – без образложение, по телефонска порака од Владата

Директорката на Државниот архив, професорката Наташа Котлар Трајкова, вчера била разрешена од функцијата по телефонски повик од кабинетот на премиерот, без притоа да ѝ биде дадено образложение. Таа за ТВ24 изјави дека повикот го добила додека била на работа и дека ѝ било соопштено дека повеќе не е директорка.

Котлар смета дека повод за разрешувањето е интервју од август во кое упатила критики кон македонската дијаспора во Австралија, но како главна причина ја посочува, како што тврди, желбата на нејзиниот заменик — кадар на ВМРО-ДПМНЕ — да ја преземе функцијата. Таа додава дека од почетокот била изложена на психолошка тортура и дека заменикот носел најголем дел од одлуките.

Иако и самата важи за кадар близок до ВМРО-ДПМНЕ и беше кандидат за градоначалник на Центар на локалните избори во 2021 година, Котлар вели дека разрешувањето дошло ненадејно и без официјално објаснување.

Од Владата за ТВ24 потврдиле дека таа е разрешена на владина седница, наведувајќи дека причината е „кадровско освежување“.



Слични Објави