Ковачевски: Европската Унија е единствениот концепт и единствената алтернатива

/

Европската Унија е единствениот концепт и единствената алтернатива која што на нашите граѓани им обезбедува економски просперитетна држава, со социјална правда и со владеење на демократијата. Нашите граѓани тоа го заслужуваат и тоа го сакаат и нашите сегашни и идни генерации заслужуваат да живеат во европска држава тука, дома, а не во европска држава некаде во туѓина, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот од Левица Борислав Крмов, во однос на тоа, дали стравот од енормниот раст на Левица и од очигледната „пасокизација“ на СДСМ е толку голем што, како што рече пратеникот „се решивте да ја злоупотребувате и премиерската функција за тесно партиски и дневно-политички интереси“, премиерот рече дека најголемата опасност за европскиот пат на државава е токму Левица.

– Најголемата опасност за тој европски пат на државата е токму вашата партија Левица која што со својата анти-ЕУ и анти-НАТО реторика, со својата популистичка и пироманска реторика за анти-западна интеграција на државата, без притоа да понуди каков било концепт или алтернатива, преку тој популизам, го загрозува европскиот пат на државата и што е уште поопасно, тој ваш популизам и ваша партија го имате земено во заложништво и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со оглед на тоа дека е слаб, без став и без визија, рече премиерот.

Според премиерот, во однос на Европскиот концепт на нашата држава, како што рече „се потврди хистеријата која што ја правевте во времето на гласањето на францускиот предлог во Собранието“.

– Се потврди хистеријата која што ја правевте во времето на гласањето на францускиот предлог во Собранието, дека ништо од тоа што беше кажувано не е вистина. Прво, Северна Македонија ги отпочна преговорите со Европската Унија, со чист македонски јазик, потврден со договорот ФРОНТЕКС, потпишан од сите земји членки на Европската Унија на кој што стои македонскиот јазик без никакви додавки, придавки и никакви дообјаснувања. Договор прв пат одобрен од сите членки на Европската Унија, вклучително и Грција и Бугарија, што беше незамисливо на само неколку месеци пред денес, рече тој.



Премиерот посочи дека во Парламентот постојат доминантни политички сили кои што се прогресивни и, како што рече, „нема да дозволат вие и вашата партија и вашите коалициски партнери да застанете на тој пат“.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Ѓоргиевска: Да креираме патоказ по кој без страв и чувство на помала вредност ќе чекорат нашите деца и млади

Следна статија

ДКСК: Министерството за правда не ја чува документацијата, не можеме да отвориме предмет за случајот со Барлет Џафери

Најново од Вести