| |

ДО КОЈ СТЕПЕН НИ Е ДОЈДЕНО ОБРАЗОВАНИЕТО?!

Додека владата на Р. Македонија се посвети на референдумот и лидерските средби или покривањето на другите недостатоци, јас само се прашувам како родител на малолетни деца кои за месец дена ќе тргнат на училиште, дали владата освен за референдумот размислува воопшто за образованието. Како ќе се трасира патот на европските стандарди во Македонија ако децата не знаат ни по која програма ќе учат и како ќе застанат рамо до рамо со нивните врсници од европските училишта?! До кој степен ни е дојдено образованието, до каде ни се реформите, дали некој од владата размислува по оваа тема или сега е најважно да се помине референдумот?! Ако сакаме да влеземе во европското семејство и да ги постигнеме европските стандарди многу важен дел од целиот процес е образованието. Според мене како на претходната така и на денешната влада важи правилото ,,колку по неписмен народ толку поголема можност за манипулација и толку поголема можност за поголем изборни резултати“. Бидејќи сѐ што е со високо образование ни е надвор од државата или на пат да заминат од неа. Средношколците ќе ги задржите но идните академски граѓани веќе аплицираат во другите европски држави како Словенија, Хрватска, Бугарија итн. Време е удобството на фотељата да го замените со многу работа и да вложите максимален труд. Ако не знаете како тогаш преземете ги моделите на европските држави кои успешно функционираат како на пример германскиот, естонскиот, шведскиот па вклучително и словенскиот модел. Прашање е на волја и прашање е на желба.

Автор: Фросина Китановска



Слични Објави