16 повредени во пукање во училиште во Турција, напаѓачот се самоуби
Поранешен ученик отвори оган во училиште во југоисточна Турција, при што повреди 16 лица, меѓу кои и ученици, пред да си го одземе животот, соопштија официјални претставници, пренесува БГНЕС.
Инцидентот се случил во провинцијата Шанлурфа, каде што безбедносни сили биле распоредени во училиштето, а учениците биле евакуирани, изјави гувернерот Хасан Силдак.
„Тој си го одзеде животот кога беше опколен од полицијата. Го евакуиравме училиштето и ќе спроведеме темелна истрага за овој трагичен инцидент“, изјави Силдак.
Според локалните медиуми, поголемиот дел од повредените се ученици.
