| |

18 студенти веќе учат бугарски јазик на University of Illinois Urbana-Champaign

По повеќе од три децении, бугарскиот јазик повторно се предава на американски универзитет. Од оваа академска година е отворен лекторат по бугарски јазик и култура на University of Illinois Urbana-Champaign, каде што веќе се обучуваат првите 18 студенти, јавува БНР.

Меѓу запишаните има и студенти со бугарско потекло, како и Американци без директна врска со Бугарија. „Бугарскиот јазик е интересен и поретко предаван јазик“, вели студентот Глен Лејн-Ворти. Лија Тондева, родена во Бургас, посочува дека курсот ѝ помага да ја зачува врската со своите корени.

Проф. д-р Илијана Димитрова нагласува: „Бугарскиот јазик е дел од светското богатство и наследство. Неговото присуство на академско ниво е сосема природно.“

Според дипломати, ваквите лекторати имаат стратешко значење и се дел од „меката моќ“ на Бугарија за промоција на јазикот и културата во странство. Иницијативата за отворањето е на генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков.

Слични Објави