200 терминали за гласање тргнале од Германија – гласачите ќе гласаат со дистанца и маски
200 читачи на отисок од прст тргнале од Германија кон Скопје. Компанијата Дермалог веќе почна со првата пратка а до октомври треба да пристигнат вкупно 4 илјади читачи. Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, вели дека подготовките за избори се интензивираат, а по пристигнувањето на терминалите ќе има и обука од операторот за нивно користење.
„Се планира од 25 август да се комплетираат сите процедури и да тргнат од Германија. Се надеваме дека до 1 септември ќе стигнат во ДИК. Потребно е бидејќи, административниот дел, треба да се регулира прашањето во царина и потоа да стигнат до Државната изборна комисија. Првиот дел на терминалите кои треба да стигнат е 200, а на сукцесивен начин до 1 октомври треба да стигнат сите терминали“, истакна Дитмире Шеху. целиот напис можете да го видите овде.
Извор: Zoom. mk